Младинскиот културен центар ја промовира културата и културните вредности на младите како дејност од јавен интерес и со непрофитна цел.
Младинскиот културен центар Тетово е основан со одлука на Советот на Општина Тетово на 30.12.2025 година, за вршење дејност во областа на културата како дејност од јавен интерес и со непрофитна цел.
Потребата од основање на институцијата произлегува од приоритетите на Општина Тетово за поддршка на младите, развој на културата, поттикнување на креативноста и создавање простор за неформално образование, културно изразување и социјална вклученост.
Покрај основната дејност, во согласност со основачот, институцијата може да врши и дополнителни дејности.